Ѓоковиќ е сепак вакциниран но го крие тоа од јавноста?!

Поранешната тенисерка и водителка на Еуроспорт, Барбара Шет, смета дека најдобриот светски рекет Новак Ѓоковиќ е вакциниран и тоа од поодамна.

Некогашната осма тенисерка според ранкингот на ВТА, е убедена дека асот од Србија примил вакцина, која ќе му овозможи да се појави во Мелбурн на Австралија Опен.

Новак Ѓоковиќ сигурно се вакцинираше, убедена сум во тоа, од поодамна го направи тоа. Само тоа го крие и не сака никој да знае“, рече Барбара Шет за австралиските медиуми.

Пред почетокот на Мастерсот во Париз, Ѓоковиќ рече дека нема да открие дали се вакцинирал и дека за тоа ќе каже кога ќе дојде време.

Истакна дека ќе почека официјален став на Австралија Опен, па потоа ќе каже дали се имунизирал.