Ѓоковиќ е фаворит за освојување на Мастерсот во Лондон, другите ќе се борат за финале

Три дена остануваат до почетокот на Завршниот Мастерс што се игра во Лондон каде ќе настапат осумте најдобри тенисери во моментов без повредените Рафаел Надал и Хуан Мартин Дел Потро.
Поранешната тенисерка Анабел Крофт, која работи како стручен аналитичар за „Скај спортс“ изнесе свое видување за последниот турнир сезонава.

– Мислам дека Ѓоковиќ е очигледен фаворит, а другите ќе се борат за позиција до него. Марин Чилиќ има шанси да биде најблиску до Новак, особено што сака да игра во сала, а игра и одличен тенис и многу агресивно. Има и добар сервис и може да има добар турнир, изјави Крофт.

Во групата „Густаво Куертен“ се наоѓаат Ѓоковиќ и Чилиќ, како Џон Изнер и Александар Зверев, додека во другата група „Лејтон Хјуит“ ќе играат: Рожер Федерер, Доминик Тим, Кеи Нишикори и Кевин Андерсон. Двајцата првопласирани во групите ќе играат во полуфиналето, а победниците од тие мечеви ќе бидат дел од големото финале.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Федерер со изјавата за Зверев уште еднаш докажа зошто е ГОСПОДИН!

ВИДЕО: Многу незгоден момент – Зверев исвиркан поради моментот кој го смени мечот на Федерер

Уште една шлаканица за Роџер: Зверев го остави Федерер без финале

Ѓоковиќ без проблеми го доби Чилиќ, па во полуфинале ќе вкрсти со Андерсон

Федерер со победа против Андерсон до полуфиналето на завршниот турнир во Лондон

ВИДЕО: Ѓоковиќ беше прашан за хомосексуалците – неговиот одговор ги изненади сите

Нишикори во канал, на Федерер му треба сет за полуфинале

„Револуционерен“ потег на Швајцарецот: Федерер ги шокираше сите!

Конфузна или загрижувачка изјава на Новак Ѓоковиќ по победата над Зверев?!