Ѓоковиќ доби интересен предизвик од Пике: Мора да работи со рекет, но не и тениско топче

Фудбалерот на Барселона, Жерар Пике, го предизвика српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ на нов „челинџ“ додека трае паузата поради корона вирусот.

Пике се придружи на акцијата „Остани дома“, па го предизвика славниот тенисер.

Во предизвикот е потребно 20 пати да удриш тоалетна хартија со рамот на тенискиот рекет.