Ѓоковиќ беше незапирлив против Циципас: Шести трофеј за Србинот во Рим

Новак Ѓоковиќ по шести пат во кариерата го освојува трофејот на мастерс турнирот во Рим.

Српскиот ас денес во пресметка во финалето против Стефанос Циципас, беше подобар во два сета, 6:0 победи во првиот сет, па во вториот се играше на тај-брејк поени, 7:6(5).

Ова беше 1001 победа за српскиот тенисер во кариерата, негов 87. трофеј, вкупно 38-ми на мастерс турнирите, со што го поправи својот рекорд и сега има две победи повеќе од Рафаел Надал.

Гркот денес не беше на потребното ниво, па беше лесен плен за Ѓоковиќ, посебно по првиот сет, кога за 30 минути успеа да поведе со 1;0.

По овој турнир, следува големиот гренд слем турнир Ролан Гарос, каде Новак Ѓоковиќ ќе биде сигурно еден од фаворитите.