Гого Славески стана европски шампион!

Горјан Гого Славески денеска ја освои европската титула во УБФ верзијата, во супер средна категорија до 76 килограми, откако го совлада Славиша Миодраг, носител на ГБО германската титула.

Македонецот кој повеќе години живее во Чикаго триумфираше со нокаут во петтата рунда, откако претходно, во втората рунда, го испрати во нокдаун својот ривал. Миодраг тогаш успеа да застане на нозе, но не и во вториот случај Славески немаше милост.

За „македонскиот Мате Парлов“ ова е осма победа во десеттата професионална борба, а петта со нокаут.