Макс Верстапен имаше неколку сериозни потези на трката во Бразил минатиот викенд, со кој фрли дамка на неговиот шампионски статус.
Тој е втора сезона по ред шампион во Формула 1, но на Интерлагос, Верстапен го покажа своето грдо лице, барем кон колегата Серхио Перез, кого не го пропушти позиција напред за да освои дополнителни два бода во битката за 2. позиција против Шарл Леклер од Ферари.
Поради тоа што и со Луис Хамилтон имаше Верстапен дуел на Интерлагос, по трката, Холанѓанецот беше прашан што мисли за Хамилтон и неговата траекторија на движење.
„Не ми остави доволно место во свиокот, каде очекувавте да се движам јас во таа шикана?“, порача Верстапен на тимското радио откако му беше соопштено дека добива пенал-казна од 5 секунди.
По трката, Луис Хамилтон со краток став одговори на прашање за Верстапен и нивните дуели… „Знаете како е со Макс на патеката“ (алудира на валкани потези)“, порача Британецот.