Го „уништи“ МекГрегор, па по битката порача: Се чувствував лошо!

Дастин Поирије со технички нокаут го совлада Конор МекГрегор во УФЦ битката.

Одличен перформанс имаше популарно нарекуваниот „дијамант“ и оствари голема победа против Конор МекГрегор. Оваа победа за Дастин уште повеќе му ги зголемува шансите во трката за титулата во лесна категорија.

Дастин Поирије кон средината на втората рунда, со кроше го повреди Конор МекГрегор и потоа го „уништи“ со ударите на земја, а по мечот истакна:

Се чувствував лошо, како да не сакав да се борам. Единствениот момент вечерва кога уживав, беше моментот кога влегов во октагонот“, порача Поирије.

Добар дел од навивачите на УФЦ борбите, очекуваа победа на ирскиот борец, но тој на крајот капитулираше.