Го сакате Халанд? Ќе го платите – дебело!

Борусија Дортмунд има уште еден „капиталец“ во своите редови, тоа е Ерлинг Халанд.

Ханц Јоаким Ватцке претходно изјави дека доколку и следната сезона биде почната со рестрикции на трибини или со празен стадион, за да не влезат во сериозен минус, ќе мора да продадат играчи, а во однос на тоа, мислат на некој голем фудбалер кој добро ќе го наплатат.

Халанд во Дортмунд е веќе една година и е фантастичен, голем дел од европските екипи лудуваат по него, а Дортмунд засега одолева на нападите.

Медиумите пишуваат дека во управата на Дортмунд зацртале сума која мора да биде платен за младиот норвешки фудбалер, како црвена линија и зад тоа не планираат да отстапат.

Сумата со која во Борусија Дортмунд би биле задоволни од разделбата со Халанд е 115 милиони евра.

За Халанд во овој момент најсериозно загреан е Абрамович и Челси, додека во редот стојат уште Реал, Барселона, Јунајтед, Сити и Јувентус.