Го растурија Роналдо: Отиде дома поради болната мајка, а се слика гол

Поранешниот претседател на Јувентус, Џовани Кобољи-Гиљи жестоко го нападна Кристијано Роналдо поради последната објава на социјалните мрежи, односно фотографијата на која позира гол покрај базен.

„Во Јувентус се искомплицираа работите откако си замина Роналдо. Рече дека оди во Португалија поради болната мајка, а сега се чини дека отиде само за да се слика гол покрај базен. Кога за него се направи исклучок, целата ситуација се распадна. И другите посакаа да одат, а не смееше да излезе така“, изјави Кобољи-Гиљи.

По Роналдо, од Италија си заминаа уште Игуаин, Бентанкур, Пјаниќ и Даглас Коста и неизвесно е дали и кога тие ќе се вратат.