Го предизвика противничкиот навивач на тепачка и секунда подоцна веќе не знаеше каде се наоѓа

Тепачките на навивачите станаа вообичаени во светот на спортот.

Договорените борби се особено изразени меѓу навивачките групи кои поддржуваат фудбалски клубови во Европа, додека во Соединетите држави, најмногу пресметките се помеѓу поединци.

Честопати има пресметка помеѓу навивачите на спротивставените клубови во американскиот фудбал (НФЛ), а една таква сцена ни доаѓа од неделниот натпревар помеѓу Далас Каубојс и ЛА Чарџерс.

Навивач на Каубојс предизвика противнички навивач на пресметка во тоалетот, но тоа беше голема грешка.

Иако на снимката не се гледа момент на удар, несреќниот навивач заврши со нокаут на подот и извлече подебел крај во овој судир.

Очигледно ова беше многу брутален нокаут бидејќи несреќниот навивач на Далас не можеше да стане по ударот што го доби.

Реакцијата на луѓето што снимале зборува доволно за тоа колку поразителен удар го добил овој човек.