Летното засилување за Манчестер Јунајтед, 25 годишниот Мејсон Маунт, е далеку од сите очекувања со кои дојде во новиот клуб, барем по прикажаното на терен.
Мејсон Маунт по доаѓањето одигра само 12 натпревари и запиша само една асистенција, а тоа ни одблиску не е доволно и не одговара на сумата која беше платен.
Тој имаше серија на тешки повреди зад себе, а најголемата меѓу нив ја заработи во ноември минатата година, кога мораше да се повлече и да се опоравува на подолго, па дури навивачите и заборавија на него, но тренерот Тен Хаг смирува и верува дека најдоброто доаѓа допрва од него.
– Имаше големи очекувања по неговото доаѓање во клубот, но сите сме со него. Сигурни сме дека тој е важен играч за нас. Мора да одиме чекор по чекор, прво мора да му се даде поддршка и да има самодоверба, бидејки се враќа од незгодна повреда, не смееме да очекуваме блескава претстава од него наеднаш по враќањето. Тој мина низ еден пекол и сега се враќа во нормала.
– Мејсон ќе биде одличен играч за Јунајтед, сигурен сум во тоа, само мора да ја почувствува и поддршката од навивачите, па по враќањето на формата, да заигра во вистинско светло, порача Ерик Тен Хаг.
Маунт има договор со „црвените ѓаволи“ до 2028 година, а Тен Хаг има полна доверба во него. Секако дека при така долг договор, Јунајтед планира на него во иднина, а сигурно тој би бил еден од играчите на кои клубот ќе го темели својот евентуален успех во иднина.