Го нарече глуп идиот, па му ја зеде пол-позицијата: Ќе има жестока борба во Тексас

Макс Верстапен е освојувач на пол-позицијата за утрешната трка во Америка, пред лутиот ривал од Мерцедес Луис Хамилтон.

Нема сомнеж дека не чека фантастична трка, со оглед на тоа дека двајцата главни претенденти за титулата се рамо до рамо во првиот ред.

Со оглед на тоа дека дека во петокот, си дишеа во врат еден со друг на неколку свиоци, на слободните тренинзи, а Верстапен го нарече Хамилтон глуп идиот, сигурно не чека жестока битка во недела навечер од 21 часот.

Холандскиот возач е на +6 во однос на Хамилтон, а ќе биде интересно и тоа што на тр етата позиција е пласиран Серхио Перез, кој веројатно ќе се обиде да му помогне на својот тимски колеа Верстапен уште на стартот, што евентуално би го минал за позиција напред.