По Вардар, Тинекс Пролет, па странство

Младиот ракометар на Тинекс Пролет, Мартин Поповски, од следната сезона ќе ги брани боите на клуб од Швајцарија.

Крилниот играч на Тинекс кој воедно е и македонски репрезентативец, се договори со клубот Амичитија од Цирих, Швајцарија.

Поповски имал неколку понуди периодов за трансфер во странство, но оваа била сепак најпримамлива, ова ќе биде прво искуство во странство за Поповски.

Новиот клуб на Поповски веше ја потврди информацијата за договорот со македонскиот ракометар. Договорот ќе биде потпишан на две сезони.

Поповски по разделбата со Вардар минатата сезона, оваа сезона е член на Тинекс Пролет.