Го налутија Зверев по мечот: Штотуку го победив Ѓоковиќ, дали е можно ова да ме прашувате?!

Александар Зверев оствари голем успех, добивајки го Новак Ѓоковиќ во полуфиналето денеска во Токио.

Иако Новак Ѓоковиќ прв поведе со 1:0, добивајки го лесно првиот сет, потоа му се случи невиден пат, или просветлување кај Александар Зверев, кој играше како во транс последните два сета.

Со тоа Зверев му го овозможи големиот сон, да освои златен медал на ОИ, односно му ја одзема надежта да очекува Златен слем (освојување на 4 слема и олимписко злато во иста календарска година).

Исто така, Зверев спречи да биде срушено поставувањето на Штефи Граф од 1998 година, која е негова сонародничка и нешто кое никој досега го нема остварено. Токму поради тоа, тој беше прашан на таа тема:

Дали ви е жал што Новак загуби, затоа што имаше шанса да освои златем слем?“, беше прашан Германецот.

Штотуку го победив и вие тоа ме прашувате? Ѓоковиќ има 20 Гренд слем трофеи, па не може се да освои.. ви реков тој е најголем на сите времиња. Знам дека овде во Токио бркаше историја, Златен слем, но ете, не успеа. Мислам се најдобро за него, но сега го добив и среќен сум поради тоа“, порача Зверев.