Гнев во Манчестер: Фотографијата која отсликува срам за капитенот на „ѓаволите“

Навивачите веќе извесен период се лути на Ешли Јанг, нивниот капитен, поради лошите перформанси кои ги има, но она синоќа на Камп Ноу беше кулминација на нервозата.

Барселона успеа да поведе во 17. минута со гол на Лео Меси, благодарение на акцијата која буквално му ја креира Ешли Јанг со неговиот одбрамбен дефицит при овој гол.

На Ешли Јанг му се препишуваат многу гревови од овој натпревар, но и низа други претходно, но синоќа тој ги мина сите граници во очите на „црвените ѓаволи“.

Тој генерално одигра лош двомеч со Барселона, прво на Олд Трафорд, а синоќа и на Камп Ноу.

Да напоменеме дека тој пред само три месеци доби договор од Манчестер Јунајтед на уште една сезона, потег кој тогаш беше примен со воодушевување од базата навивачи на овој клуб, сметајки дека клубот паметно инвестира, но очигледно дека работите брзо се свртеа против Јанг и сега тој една од непосакуваните фудбалски фигури во црвениот дел на Манчестер.