Главната цел на Германија е да го освои Европското првенство

Фудбалскиот репрезентативец на Германија, Тони Крос изјави дека главната цел на неговиот тим е да ја освои титулата на Европското првенство.

– Со влезот во четвртфиналето на Европското првенство ја постигнавме минималната цел, а главната е победа на турнирот, изјави Крос.

Тој претходно најави дека по ЕП 2024 ќе стави крај на играчката кариера.

– Ова лето ги играм последните натпревари на фудбалските терени. Сепак, верувам дека крајот нема да биде во петок. Како и сите во нашата репрезентација, верувам во победа против силната Шпанија.

Имаме голема желба да го освоиме европскиот шампионат и мислам дека сме способни да ја освоиме титулата без разлика кој ќе ни биде противник на тој пат. Не е лесно, но имаме амбиција.

Крос одигра 113 натпревари за германската репрезентација и постигна 17 голови.

Натпреварот меѓу Германија и Шпанија е закажан за в петок од 18 часот во Штутгарт.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО