Ги одведе на СП во Катар, па доби отказ – ова му се случува по третпат во животот

Вахид Халилхоџиќ повеќе не е селектор на Мароко, па така најдобриот босански тренер нема да ја води репрезентацијата на Светското првенство во Катар.

„Со оглед на несогласувањата меѓу Мароканската фудбалска федерација и селекторот Вахид Халилхоџиќ за тоа како најдобро да се подготви фудбалската репрезентација за Светското првенство во Катар во 2022 година, двете страни решија да се разделат“, објави Мароканската федерација.

Веќе третпат во тренерската кариера Ваха е без работа пред Мундијалот, откако претходно предводеше репрезентација до пласман на најважниот фудбалски турнир.

Истото му се случи на 68-годишникот кога ги водеше Брегот на Слоновата Коска и Јапонија, а сега и Мароко. На Мундијалот ја водеше само селекцијата на Алжир.

Со оглед на тоа што имаше важечки договор со Мароканците, многу е јасно дека популарниот Ваха ќе добие отпремнина, прашање е само колкав ќе биде таа.