Гестот на кој „топчиите“ добија критики: Срамно е тоа што му го сторија на малото момче

Фреди Љунгберг беше назначен пред неколку дена за привремен тренер на Арсенал, а во првиот негов настап како тренер, Арсенал одигра само 2:2 кај Норвич.

Навивачите на Арсенал не беа задоволни од прикажаното на своите миленици, сметајки дека во одбрана се тотален ужас, бидејки примаат редовно голови.

Освен тоа, добар дел од навивачите на Арсенал не беа задоволни и од тоа каква атмосфера владее моментално во таборот на клубот.

Играчите на Арсенал беа посебно искритикувани поради начинот на кој влегоа на стадионот Кероу Роуд.

Ниту еден од играчите не се обиде да се ракува со момчето маскота, облечен во дрес на Арсенал, тоа предизвика осуда на Твитер.

Спуштете ги главите од срам, само еден од вас да му пружеше рака на тоа момче, тој тоа ќе го паметеше до крајот на својот живот. Арсенал треба да го повика момчето да се запознае со сите играчи поради таков гест“, беа дел од коментарите.