Георгиевски: Во Париз одам по злато!

Македонскиот олимпион, Дејан Георгиевски, се врати со сребрениот медал кој го освои во таеквондо категоријата до 80 килограми во Токио.

Георгиевски е вториот спортист со одличје од едни Олимписки игри по 21 година, а по пристигнувањето во Скопје уште еднаш се заблагодари на поддршката, истакнувајќи дека на следните Олимписки игри во Париз се надева на уште подобар пласман.

„Благодарност до сите во Македонија за огромната поддршка. Ова е медал за целиот народ во нашата држава. Не ги следев социјалните мрежи на денот на натпреварот, но од тимот ми пренесоа за еуфоријата во Македонија. Тоа ми даде само дополнтиелна енергија. Знам дека најавив злато пред ОИ, но за жал овојпат е сребро, кое има златен сјај ако се земе предвид против какви противници се натпреварував. Сигурен сум дека на следните Игри во Париз ќе постигнам уште поголеми успеси. Уште сега со нетрпение ги очекувам следните Олимписки игри. Се надевам дека ќе имаме многу повеќе претставници од таеквондото и другите спортови. Им посакувам среќа на останатите наши спортисти во Токио, се надевам дека ќе не израдуваат со уште некој медал“, истакна Георгиевски.