Георгиевски го донесе олимпиското сребро во Скопје, Шилегов одреди парична награда

Освојувачот на сребрен медал на Олимписките игри во Токио, Дејан Георгиевски попладнево слета на аеродромот во Скопје каде беше пречекан од група фанови.

Веднаш потоа се качи во панорамскиот автобус и тргна кон центарот на градот, а потоа и во својот дом. Во исто време, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов одреди дека Градот одредил парична награда за првиот скопјанец со медал од Олимписки игри по осамостојувањето на Македонија.

„По моја иницијатива и предлог, Град Скопје на нашиот олимписки медалец Дејан Георгиевски ќе му додели парична награда во износ од 300.000 денари. Оваа одлука ќе се најде на дневниот ред на следната седница на Советот на Град Скопје“, објави градоначалникот.

Свечениот пречек ќе се одржи вечер во 19:30 часот на плоштадот Македонија каде Георгиевски ќе им се обрати на присутните.