Генералниот секретар на ЕХФ во посета на РФМ

Од Ракометната федерација на Македонија РФМ информираа за денешната посета во нивните простории.

Генералниот секретар на ЕХФ, Мартин Хауслејтнер ја посети канцеларијата на Ракометната федерација на Македонија.

По обиколката на просториите воден од Генералниот секретар на Федерацијата, Филип Милошевски, Хауслејтнер се запозна и со тимот кој е ангажиран во македонската куќа на ракометот.

Вистинска чест и задоволство беше да се разговара на значајни ракометни теми и да се помине квалитетно време со ваков почесен гостин во нашите простории! Господине Хауслејтнер, Ви благодариме на посетата!