Газета дело спорт тврди: Зидан и Роналдо повторно заедно!

Без Кристијано Роналдо, Зинедин Зидан не успеа да стигне ни до четвртфиналето од Лигата на шампионите, а и Португалецот го заврши својот пат во истата фаза од европското натпреварување.

Можно е двајцата повторно да се спојат и тоа веќе претстојната сезона која почнува за еден месец. Газета дело спорт денеска тврди дека Маурицио Сари е минато за Јувентус и дека неговото место на клупата на Јувентус ќе го пополни Зинедин Зидан. Ако се случи тоа, Французинот и Португалецот повторно ќе бидат заедно и ќе се обидат да ја освојат четвртата заедничка титула во Лигата на шампионите, а прва за Јувентус по пауза од 25 години. Како фудбалери, ни Зидан, ни Роналдо не освоија трофеј во ЛШ со Јувентус, можеби ова ќе биде шанса, сепак, да му донесат титула на торинскиот клуб.

Сепак, Зидан засега е сигурен дека ќе продолжи во Реал, а како негови алтернативи се спомнуваат уште неколку стручњаци. Прво беше Покетино, а сега се спомнуваат и Андреа Пирло и Симоне Инѕаги.