Газдите на Њукасл фрлија око и на Формула 1, подготвени да платат до 20 милијарди долари

Саудискиот фонд за јавни инвестиции (ФИП), кој е сопственик на фудбалскиот тим Њукасл, со капитал од 620.000.000.000 долари, испрати понуда до Либерти Медиа, сопственикот на Формула 1, да го купи најбрзиот циркус во светот за 20.000.000.000 долари. Одговорот наводно се уште не е пристигнат, но Саудијците кои ќе ја организираат првата трка во 2027 година, дури и да бидат одбиени, не сакаат да се откажат, туку се подготвени да ја подигнат понудата, односно да се приближат до сумата од 30.200.000 0000, што е проценетата пазарна вредност на Ф1.

За потсетување, Либерти медиа ја купи Формула 1 во 2017 година за 4.400.000.000, но нејзината вредност скока секоја година. На пример, Формула 1 го заврши третиот квартал од 2022 година со добивка од 187.000.000, што е три пати повеќе отколку во истиот период претходната година.

Овој резултат се случи по седум отсто зголемување на приходите, на 715.000.000, додека прилагодениот бруто оперативен резултат беше 180.000.000, односно десет милиони повеќе отколку во истиот период во 2021 година.

Формула 1 неодамна го објави календарот за сезоните 2023 и 2024 година, составен од 23 трки (годишно) бидејќи организацијата одлучи да не бара замена за Големата награда на Кина. Натпреварот ќе започне со Големата награда на Бахреин и ќе заврши на 26 ноември со Големата награда на Абу Даби. Главниот новитет е Гран При на Лас Вегас, што ќе се одржи на 18 ноември, на улиците на градот на коцкањето, кој последен пат беше домаќин на болидите од Формула 1 пред повеќе од четири децении, односно од 1982 година, кога славеше Италијанецот Микеле Алборето во болид на Тајрел Форд пред Британецот Џон Вотсон (Мекларен) и локалниот возач Еди Чивер (Талбот).