(ФОТО) Газдата на ПАОК ќе го гони полицијата

452

Грчката полиција трага по сопственикот и претседател на ПАОК, Иван Савидис откако контроверзниот бизнисмен вчера со пиштол влезе на теренот незадоволен од одлуките на судијата

Најсилното првенство на Грција одново е на прагот на суспензија откако вчера на „Тумба“ се случи голем инцидент. ПАОК длабоко во судиското надополнување погоди за водство од 1:0 против АЕК, но голот беше поништен поради офсајд.

Ваквата одлука предизвика голем бес кај домаќините, на теренот дури се симна и сопственикот на ПАОК, Иван Савидис кој на појасот носеше пиштол. Тој сакаше да го повлече својот тим а и да се разбере на свој начин со судијата.

Како што пренесуваат локалните медиуми, утрово е издаден налог за апсење на Иван Савидис и полицијата трага по првиот човек на ПАОК. Налог за апсење е издаден и за уште четири други лица, се верува дека ова се телохранителите на Иван Савидис кои исто така влегоа на теренот.

Мечот не го дочека својот крај и во прв момент заврши 0:0, но медиумите пишуваат дека судијата два часа по случувањата на теренот решил на зелена маса да го признае погодокот и во записникот напишал дека ПАОК го победил АЕК со 1:0.