Гатузо жали што не го извлекол најдоброто од играчите сезонава

Утре се игра последното коло во Серија А, Милан од 20:30 часот игра против СПАЛ нагости, каде мора да победи доколку сака да се надева на место во ЛШ.

Но притоа, мора да се надева и на кикс на Интер, кој исто така гостува, или евентуално кикс на Аталанта од Бергамо.

Интер игра против Емполи, додека Аталанта го дочекува Сасуоло, па јасно е дека на Милан ќе му треба чудо за да дојде до место во ЛШ.

Гатузо на денешната пресконференција зборуваше за очекувањата утре.

Не слушам никакви гласови, не ги слушам оние кои зборуваат добро и кои зборуваат лошо. Сконцентрирам сум само на работата“.

Тој се извини што не го извлекол најдоброто од играчите оваа сезона.

Нема овде многу што да се работи, мора добро да анализираме и да се договориме каков фудбал ќе играме. Ни требаат функционални играчи“, нагласи Гатузо.