Откако Хајдук официјално потврди дека ќе го ослободат Иван Перишиќ од договорот во клубот, тренерот на тимот должеше интервју и информации околу оваа ситуација.
Џенаро Гатузо мораше да се обрати пред медиумите и тоа навистина го направи. Тој на пресот пред новинарите откри всушност поради кој играч го пуштил „низ вода“ хрватскиот фудбалер.
Тој самиот призна дека Перишиќ потенцирал дека бара трансфер и дека коцките се поклопиле за веднаш да го ослободат од обврските. Со доаѓањето на Абдули Санјанг „Бамба“, работите се посложија и Перишиќ е ослободен од Хајдук.
– Морам да бидам искрен кон сите, ситуацијата е повеќе од чиста. Два дена по моето доаѓање во Сплит, со Перишиќ разговаравме и ми рече дека сака да си замине. Му реков дека треба да застане и размисли, му реков да размисли и да ми каже по Европското. Потоа дојде Бамба и видов дека некои други момци мора да добијат шанса.
– Јас морав да бидам поштен, па сите знаеа дека сака да замине, одлуката беше негова, не моја. Перишиќ, Модриќ, Ракитиќ, се легенди на хрватскиот фудбал, јас не сум будала, ги почитувам. Му дадов да игра и тренира, иако знаев дека сака да замине од Хајдук, порача Џенаро Гатузо.