Гатузо „ќе воскресне“ во – Франција?

Француските медиуми ја пренесоа веста дека италијанскиот стратег Џенаро Гатузо, ќе биде нов предводник на фудбалскиот клуб Марсеј.

По турбулентниот старт на сезоната и по се само две победи во првите седум кола во Лига1, шпанскиот стратег Марселино мораше да се повлече и да замине од клубот.

Навивачите го изразија своето незадоволство од неговиот стил на игра, а тој подоцна рече дека поднел оставка затоа што добил навреди кон неговото семејство, но и смртни закани по животот на неговите најблиски.

Како можни наследници на Марселино се навестуваше доаѓање на Кристоф Галтие и Жилен Лопетеги, но изборот во последен момент очигледно паднал на трето лице.

Италијанскиот новинар Фабрицио Романо, пренесува дека Гатузо деновиве ќе го преземе клубот од Франција и ќе потпишат договор до крајот на сезоната.