Фуриозен пресврт и осмо финале на Вимблдон за Ѓоковиќ

Најдобриот српски тенисер по четврти пат во низа и осми во кариерата ќе игра во финалето на Вимблдон откако денеска за два часа и 35 минути го победи Камерон Нори со 3-1 (2-6, 6-3, 6-2, 6-4).

Со ислучок на првиот сет во кој доминираше домашниот тенисер, се понатаму беше во знакот на Србинот кој успеа да ја наметне својата игра и брзо да го скрши отпорот на противникот. Во раните фази од сетовите успеваше да направи брејк и потоа брзо и лесно ги приведуваше кон крајот.

Во финалето в недела, Ѓоковиќ ќе се сретне со австралискиот тенисер Ник Кирјос кој без борба обезбеди пласман во мечот за титулата поради откажувањето на Надал.