Фудбалерот на Евертон со интересен предлог: Лукаку, дојди си дома, на Гудисон!

Ричарлисон го посоветува својот клуб Евертон да направи напори да го врати Ромелу Лукаку дома, односно повторно на „Гудисон парк“

Во разговор меѓу двајцата играчи на социјалните мрежи, Ричарлисон буквално му порача „Врати се дома“, што отворено признава дека го посакува назад како тимски колега.

Белгиецот е моментално еден од најважните играчи во Серија А во тимот на Интер, но очигледно Ричарлисон е негов голем обожавател.

Но Лукаку е на цена и тешко е да се поверува дека прво Антонио Конте ќе се ослободи од Лукаку, посебно ако се види фактот дека и Лаутаро Мартинез е неизвесен, бидејки и тој летово може да замине, а од друга страна дискутабилно е дали „карамелите“ би можеле да издвојат 80 до 100 милиони евра за овој фудбалер, кој претходно го продадоа во Манчестер Јунајтед за 75 милиони евра.