Фудбалерот на Челси чувствува вина: Да бев подобар, Лампард немаше да добие отказ

Летното засилување за Челси, Тимо Вернер, пред дуелот со Манчестер Јунајтед, истакна дека доколку бил подобар на стартот од неговата авантура со клубот од Лондон, Френк Лампард не би добил отказ.

Вернер почна да игра вистински фудбал по доаѓањето на Тухел, иако Лампард претходно го ангажира во дресот на „сините“.

Кога ќе ве донесат како напаѓач и човек кој мора да постигнува многу голови, се разбира дека се чувствувате виновен кога еден тренер ќе добие отказ. Се чувствувам виновен за клубот, за отказот на поранешниот трене р, но и поради мене бидејки дадов се од себе за да постигнам гол повеќе“, признава германскиот фудбалер.

Вернер ќе има нова шанса да импресионира денеска на „Стемфорд Бриџ“ во дербито на колото против „црвените ѓаволи“.