Барселона и Осасуна од 19 часот го започнаа натпреварот од 20. коло на шпанската Ла Лига, а веќе на самиот почеток неволја ги снајде тамошните фудбалери.
Феран Торес доби можност да игра од првата минута по левата страна од нападот на Барса, но веќе во седмата минута во солзи го напушти теренот откако се здоби со повреда.
По напуштањето на теренот доби овации од трибините, а на негово место влезе Фермин.
Ова е нов удар за Барселона откако претходно на тренинг се повреди Жоао Феликс. Првите информации кои доаѓаат од Барселона велат дека Португалецот ги истегнал лигаментите на десната нога.