Фудбал за мерак: Осум гола на Сент Мери, Косово ја намачи Англија

Косовската репрезентација покажа дека неслучајно до денеска се наоѓаше на позиција која води на Европското првенство во 2020 година.

На гостувањето кај Англија во Саутемптон одигра 5-3, а го намачи големиот фаворит кој 10 години нема пораз во европски квалификации. Резултатот го отвори Бериша уште во првата минута, но до крајот на полувремето Англија постигна пет гола: Стертлинг еден, Кејн еден, Војвода автогол и Санчо два.

Тукушто почна второто полувреме, Бериша и Муричи од пенал намалија на 5-3, а Кејн промаши пенал во 65. минута. Алими пред крајот можеше да ја врати драмата, но неговиот удар заврши неколку сантиметри покрај левата статива.

По четири одиграни натпревари Англија има максимални 12 бода, Чешка е втора со 9, Косово има 8, а Црна Гора и Бугарија по 2.