Фред Карли е нов светски шампион на “стотка!“

Американскиот спринтер Фред Керли успеа да слави на трката на 100 метри на Светското атлетско првенство.

Керли го освои златниот медал на натпреварувањето во Јуџин со време од 9.86 секунди и ја понесе титулата најбрз човек на светот.

27 годишниот Американец минатата година се откажа од трката на 400 метри и во потполност се посвети на најбрзата атлетска дисциплина, а тоа му се исплати во првиот обид, освои злато во кариерата.

Второ и трето место ги освоија Марвин Брејси и Трејвон Бромел, а двајцата низ целта минаа за две стотинки заостанување зад победникот.

Ова е прв пат сите три медали да одат во Америка по 1991 година кога Карл Луис, Лерој Бруел и Денис Мичел освоија злато, сребро и бронза на првенството оддржано во Токио.