Фрчат критики на сметка на Ѓоковиќ: Срамно однесување, ја остави партнерката без медал

Најдобриот светски тенисер требаше да ѝ донесе на Србија два медала на Олимписките игри во Токио, а на крајот остана без ниеден.

Во сингл загуби во борбата за третото место од Пабло Карено Буста по што одлучи да се повлече од истиот меч во двојки бидејќи чувствувал физички и психички замор, но и повреда на рамото. Тоа изнервира многу луѓе во Србија, но особено за неговото однесување се зборува надвор од Балканот и тоа на негативен начин. Познатиот британски новинар Пирс Морган не можеше да му го прости откажувањето, но и неколку потези од мечот со Карено Буста.

„Кршеше рекети, приговараше и беснееше, а потоа се повлече од дуелот во двојки и со тоа ѝ оневозможи на својата партнерка да дојде до медал. Ги разочара своите соиграчи, навивачи и својата земја. Срамни лудории на наводниот шампион“, напиша на Твитер поранешниот уредник на Дејли Мирор.

Ѓоковиќ подоцна му се извини на српскиот народ, но сето тоа не е доволно да се испере срамот и она што се случуваше вчера во Токио.