Фрчат казни: Ботас си го доби своето, Фетел и неговиот подиум пред суспензија?!

Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас, заработи казна од пет казнети позиции кои ќе мора да ги одработи на следната трка, односно на која позиција да се квалификува, ќе мора да назадува пет позиции.

Таквата казна дојде по состанокот на стјуардите од ФИА, кои проценија дека Ботас бил виновник за целата мешаница уште во првиот свиок на денешната трка.

Финецот казната ќе мора да ја одработи на култната патека Спа Франкоршамп, по летната Ф1 пауза.

Од друга страна, сега виси и втората позиција на Себастијан Фетел во Унгарија, а како причина го наведуваат недостатокот на гориво во болидот на Германецот по трката.

Правилата налагаат дека треба да има одредена количина на гориво во резервоарите кога ќе заврши трката, а по се изгледа во болидот на Фетел имало некое литро помалку. Токму на таа тема вечерва разговараат во ФИА, големи се шансите Фетел да го загуби второто место, а со тоа Луис Хамилтон би напредувал уште една позиција понапред, односно ќе прокнижи уште три поени на табелата.