Французинот пресече: Пол погба донесе конечна одлука!

Репрезентативецот на Франција, според пишувањата на англиските медиуми, одлучи да го напушти Манчестер Јунајтед и тоа го соопштил на раководството на клубот од „Олд Трафорд“.

Погба силно посакува да оди во Реал Мадрид. Подготвен е дури да се откаже и од големата плата со цел да потпише договор со „Кралевите“, каде тренерот Зинедин Зидан го чека со раширени раце.

Французинот е главна желба на Зидан. Тој лично работи на негово доведување и лесно би можело да се случи токму Погба да биде следното големо засилување на „Кралевите“.

Меѓутоа, на челниците на Реал нема да им биде лесно да ги исполнат желбите на својот тренер. Јунајтед сака 150 милиони фунти за Французинот, што е сума која Реал нема намера да ја плати.

Сепак, ќе се обидат од Мадрид да му понудат на Јунајтед одредени замени. Се споменува дека покрај пари ќе се обидат на „Црвените ѓаволи“ да им го понудат и Герет Бејл, кој е отпишан за новата сезона.

Погба со сите сили сака да оди во Мадрид. Дури поради тоа одби и понуди од својот поранешен клуб Јувентус, кој сака да го врати во своите редови.

Дали францускиот играч за врска на крајот ќе заврши на „Сантијаго Бернабеу“, веројатно ќе се дознае во следниот месец, но трансферот многу лесно би можел да биде завршен.

Реал, за потсетување, веќе ангажираше неколку фантастични засилувања, а пристигнаа Еден Азар, Лука Јовиќ, Ферлан Менди и Едер Милитао.