Франција играше тешко и мачно, со автогол ја победи жилавата Австрија

Европскиот шампион Франција, вечерва на мускули ја доби репрезентацијата на Австрија со 1:0.

Натпревар од кој се очекуваше многу повеќе, шанси и голови, но сепак, натпреварот беше одлучен со еден автогол во раната фаза од првиот дел.

Се играше 38. минута, кога Килиан Мбапе, се обидуваше да дојде до голот, а топката ја закачи Вобер, по што таа заврши зад голот на Австријците.

Тоа водство беше активно до крајот на првиот дел, а се задржа и во второто. Австрија иако се обидуваше да дојде до егал, не успеа, а Франција исто така се обидуваше да го затвори натпреварот преку свои шанси, но не успеа.

На крајот минимална победа за европскиот шампион во првото коло од групата Д, во која вчера Холандија ја победи Полска со 2:1.

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО