„Франс Фудбал“ открива: Овие десет мечеви пресудија Модриќ да биде најдобар!

Хрватот Лука Модриќ синоќа и официјално стана најдобар играч на светот.

Лука во Париз ја освои „Златната топка“ и на тој начин ја прекина доминацијата на Кристијано Роналдо и Лионел Меси, а денеска „Франс Фудбал“ ги откри десетте мечеви кои пресудиле Лука да биде избран за најдобар.

Во тие мечеви Модриќ, според пишувањето на „Франс Фудбал“, покажал зошто во овој момент е светски број 1, бидејќи на неверојатен начин ги проигрувал своите соиграчи, ги решавал тешките ситуации, создавал шанси за својот тим и така натаму…

Десетте мечеви кои пресудиле во корист на Модриќ:

Леванте – Реал Мадрид
ПСЖ – Реал Мадрид
Реал Мадрид – Баерн Минхен
Баерн Минхен – Реал Мадрид
Реал Мадрид – Ливерпул
Хрватска – Аргентина
Хрватска – Русија
Хрватска – Англија
Хрватска – Франција
Реал Мадрид – Рома

За Модриќ ова признание секако е круна на кариерата во која ги освои сите индивидуални награди.