ФОТО: Французите си ги креваат акциите за Ф4, но да не ги „олади“ Вардар на крајот во Келн!

4417

Факт е дека сезонава француските екипи владееа во ракометната ЛШ, што впрочем докажува и пласманот на нивните три екипи на Ф4 сезонава во Келн.

По очекуваниот пласман на ПСЖ, на Ф4 се пласираа уште и Нант на Кире Лазаров и тимот на Монпелје, заедно со нашиот Вардар, кој е актуелен европски шампион.

Французите ги величат своите екипи со натписите во весници во контекст „Франција е најголема“ ракометна сила, но секогаш треба добро да внимаваат со вакви објави, за да не ги олади Вардар во завршницата од сезоната во Келн.

Вардар минатата сезона пред Ф4 не го гледаа како фаворит за освојување на трофејот, но токму кога нашиот Вардар беше потценет, тие направија одлично изненадување и ги победија силните Барселона и ПСЖ.