(ФОТО) Ѕвездите на клубовите од Манчестер во секс-скандал – и тоа не со две, туку со четири девојки

Исландските убавици Надија Сиф Линдал Гунарсдотир (20) и Лара Клаузен (19) се дружеа со фудбалерите Мејсон Гринвуд и Фил Фоден, откако беа поканети во хотелот Англија во Рејкјавик, но се чинеше дека не се единствените.

Дуото од англиската репрезентација ја искористи посетата на Исланд за да се забавува во млади и згодни девојки, кои беа поканети во хотелска соба за дружење, што, според девојчињата, било „совршено“.

„Меил Онлајн“ сега ја носи приказната дека Фоден (20) и Гринвуд (18) имале разговори со најмалку четири локални дами пред да слетаат во Рејкјавик. Анита Гунарсдотир е снимена како разговара со играчите, но таа тврди дека не отишла во нивниот хотел.

“Не ги сретнав. Јас не сум од девојките што отишле во хотелот”, рече Анита.

Прекршувањето на правилата им донесе на двајцата парична казна од 1.360 фунти од локалната полиција, со дополнителна казна од клубовите и фудбалската асоцијација.

Тие беа испратени дома во понеделникот пред појадок со директен лет, додека остатокот од националниот тим отпатува за Данска на вториот натпревар од Лигата на нациите.

Гринвуд сепак го избриша својот профил на Твитер, и во вторникот испрати порака за извинување. Фоден исто така рече дека вакви работи повеќе нема да работат и дека ова е лекција за него од која може да научи само како да се однесува кон националниот тим, но и кон сопственото семејство во иднина.