(ФОТО) Жива вистина: Вака ќе изгледаат Федерер, Надал и Ѓоковиќ во полуфинале на Вимблдон 2061 година

Каква е конкуренцијата во светскиот тенис, не е чудо најдобрите тројца играчи на сите времиња уште долго да доминираат на АТП турнирите и Гренд слемовите.

Иако навлезени во четвртата деценија од животот (Федерер наскоро ќе наполни 38 години), тројцата се пласираа во полуфиналето на Вимблдон. Нема ништо од т.н. нов бран во светскиот тенис и така ќе биде уште долго.

Од тие причини на социјалните мрежи се шегуваат дека Федерер, Надал и Ѓоковиќ и во 2061 година ќе играат полуфинале на Вимблдон, ни тогаш никој нема да ги загрози.