(ФОТО) Заборавете на се до сега: Ивана Кнол го запали Инстаграм за збогување со Катар

Хрватката, која беше можеби најубавата навивачка на Светското првенство во Катар, со облекувањето и објавите на Инстаграм привлече големо внимание кај машката популација.

Нејзината Хрватска утре против Мароко ќе одигра уште еден натпревар во борбата за третото место на овогодинешното Светско првенство.

Ивана Кнол брзо стана популарна на овогодинешното Светско првенство, а особено се истакна нејзиниот стил на облекување.

Така таа на секој натпревар доаѓаше облечена многу провокативно, но сето тоа во боите на репрезентацијата за која навива, а тоа е секако Хрватска.

Сепак, во последната објава на својот Инстаграм профил таа им се заблагодари на следбениците што достигнаа бројка од 3 милиони следбеници.

„Три милиони, речиси населението на мојата земја, Хрватска“, напиша Ивана Кнол и им се заблагодари на сите свои следбеници.

Секако, заедно со овој текст беше објавена и посебна фотографија со која таа го прослави својот успех на социјалната мрежа.

Овој пат таа не беше облечена во боите на Хрватска, но нејзините следбеници беа презадоволни од она што го видоа.