(ФОТО) Во пресрет на новата сезона – Формула 1 го доби еден од најубавите болиди во историјата на спортот

Кон крајот на следниот месец конечно започнува новата сезона во Формула 1, а екипте се подготвуваат за новите предизвици.

Во новата сезона не очекуваат неколку нови промени кога станува збор за правилата, но и самите учесници. Подготвките се во полн ек, па екипите ги тестираат своите нови болиди. Секако, главна цел е да бидат што е можно подобри во однос на минатата сезона, па некој конечно да го симне Мерцедес од тронот.

Официјалните претставувања на болидите се уште не се почнати, но дел од тимовите се одлучија да ги „откријат картите“, па да ги покажат своите болиди. Најмногу воодушеви екипата на Хас чиј болид ги остави без зборови љубителите на најбрзиот циркус на планетата.

Американскиот тим објави фотографии од болидот кој ќе го возат неговите возачи во новата сезона. На болидот доминира црната боја, а златната боја дава дополнителен „шмек“. Во истите бои се и униформите на возачите Роман Гросжан и Кевин Магнусен што овој болид го прави уште помоќен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шуми имал интересен план непосредно пред несреќата – Вили Вевер открива детали

Фетел се сврте против седмата сила поради прашањето за „тимската наредба“

Ферари излезе со „циркузантски“ став по трката за ситуацијата со Леклер и Фетел

Леклерк бесен на својот тим: Не ја сфаќам оваа одлука на Ферари!

Мерцедес повторно покажа моќ: Хамилтон со победа на јубилејната 1000. трка во Ф1

ВИДЕО: Кај Верстапен нема цензура: Ги опцу Фетел и двоецот на Рено по тимското радио

Доминација на Мерцедес пред Ферари во Кина: Пол позиција за Ботас

Фетел не ги прифаќа критиките од јавноста: Луѓето имаат кратко паметење

Како предупредување за Ферари и Мерцедес – наскоро уште еден тим на нивното ниво