(ФОТО) Владимир Кличко ги остави сите без текст со својот изглед – кој би рекол дека има 44 години

Владимир Кличко е сигурно еден од најдобрите боксери на сите времиња ако судиме според неговите резултати.

Кличко со години доминираше во тешката категорија, па токму затоа тој е сигурно еден од најдобрите боксери досега, иако на многумина не и се допаѓаше начинот на кој се бореше.

Легендарниот Украинец реши да ја заврши кариерата пред три години. Кличко оствари 64 победа во 69 борби, од кои 53 беа со нокаут. Тој освои 29 светски титули што е навистина многу импресивно.

Во последниве години немавме некоја можност да го видовме Кличко во јавност, очигледно реши да се одмори од се. Само повремено објавуваше на социјалните мрежи колку да им покаже на своите обожаватели дека е жив.

Кличко токму синоќа објави фотографија на која остави многумина без текст. Иако има 44 години, Кличко покажа дека се уште е во неверојатна форма и дека сигурно би можел да се врати во рингот утре.