(ФОТО) Викендов дојде до деби победата во Ф1 – а пред 10 години Рико беше далеку пред Гасли

Викендов трката од Формула 1 шампионатот возена на Монца во Италија донесе многу изненадувања, а главно беше победата на возачот на Алфа Таури, Пјер Гасли.

За Французинот ова беше прва победа во кариерата во Формула 1. Зад него на второто место заврши Карлос Саинц од Мекларен додека трет беше Ленс Строл.

Интересн податок и помалку познат за нашата јавност е тоа што пред десет години, во далечната 2009 година, рамо до рамо со Гасли и Саинц се тркаше нашиот Ристо Вуков Рико.

Не само што се тркаше, туку Рико беше далеку подобар и побрз од нив во категорија на картинг, за што сведочат и резултатите.

Во 2009 година од 3-ти до 9-ти септември на патеката Сарно во Неапол, Италија се возеше светскиот шампионат во картинг конкуренција КФ3.

На истиот, нашиот Вуков имаше високо шестто место, додека победникот од трката во Ф1 викендов, Гасли заврши дури како 19-ти, додека Саинц не ја заврши трката. Уште еден сегашен возач во Ф1 зеде учество на истата трка. Станува збор за Русинот Квајат кој беше дури 47-ми.

Редакцијата на Спортклуб дозволува превземање на овој текст.