(ФОТО/ВИДЕО) Скопје го пречека европскиот шампион, а Алили порача: Одам по олимписки медал!

Младиот борач и европски првак Бесир Алили денеска беше пречекан на плоштадот „Скендербег“ во Скопје откако викендов на нашата држава и донесе златен медал од Европското првенство за кадети кое се одржа во Фиренца.

Пречекот на „Скендербег“ беше организиран од Општина Чаир и неговиот клуб „Лирија“, а Алили веќе на Табановце беше пречекан со зурли и тапани, како и огномет. На пречекот пристигна и градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, кој најави дека покрај стипендијата која веќе ја добива Алили, европскиот првак ќе добие и парична помош.

„Господ ми помогна многу да се вратам во игра и да победам во финалето. Имав доверба дека ќе победам и ова не е ништо, сега мојот сон е настап на Олимписки игри и таму да освојам медал“, изјави Алили на собирот во Скопје.

„Се надевам дека твојот и нашиот сон ќе се оствари и ќе бидеш новиот Шабан Трстена, кој ќе ни донесе нов златен олимписки медал“, порача Шилегов.

Алили стана европски шампион во борење (слободен стил) во категорија до 48 килограми, откако во финалето славеше против противникот од Ерменија, Ховханисјан.

Festë në Sheshin Skenderbeu#Shkupi feston Besir Alilin

Gepostet von Klan Macedonia Television am Montag, 24. Juni 2019

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) УФЦ нокаут каков што не се памети: Додека трепна – го посла на рингот

ШОК: Играч на ЛА Енџелс на неколку часа пред мечот почина во хотелска соба

Србија во неверојатен меч славеше во супер-дербито со Хрватска и ја освои Светската лига

Трагедија: Познато одбојкарско лице по свадба доживеал срцев удар и починал

Алили се враќа од ЕП со златен медал за Македонија

Најдобриот македонски одбојкар кариерата ја продолжува во Бундес лигата

ВИДЕО: Фјури го нокаутираше Шварц и најави „лов“ на Вајлдер

(ФОТО) Српската одбојкарка ги изненади сите – позираше потполно гола

Ваучер – ФИЈАСКО: Сите се незадоволни – прстите вперени во АМС