(ФОТО/ВИДЕО) Новиот изглед на тунелот на „Енфилд“ ги воодушеви навивачите на Ливерпул

Фудбалерите на Ливерпул пред речиси две недели по шести пат ја освоија Лигата на шампионите.

Тие во големото финале одржано во Мадрид го победија Тотенхем со 2:0 и на тој начин по шести пат во својата историја го кренаа трофејот наменет за европскиот клупски шампион.

По тој повод променет е и изгледот на тунелот на „Енфилд“ низ кој се поминува пред да се излезе на теренот. Така сега кај трофејот од Лигата на шампионите, наместо бројот пет стои бројот шест, а самиот процес на промена на бројот е проследен и од официјалната Твитер страна на англискиот клуб.

Секако, новиот изглед на тунелот ги воодушеви навивачите на „Црвените“ кои сигурно овие денови се мошне горди.

Инаку, освен шесте титули во КЕШ/ЛШ, Ливерпул има 18 шампионски титули во Англија, седум ФА Купови, осум Лига Купа, три УЕФА Купови и три Суперкупови на Европа.