(ФОТО) Вардаровите навивачи може да здивнат – само еден играч нема да игра со Киелце

Актуелниот македонски и европско шампион Вардар денес го игра еден од можеби најважните дуел во групната фаза од Лигата на шампионите.

В пресрет на дуелот со Киелце тренерот на „црвено-црните“ се соочуваше со низа проблеми поради повредени играчи.

Сепак откако беше објавен списокот на играчи за дуелот, стана јасно дека нема простор за загриженост и паника. На истиот се најде Кристопанс, како и повратниците Атман и Горпишин.

Единстевено во ростерот го нема Горбок кој се чини пак ќе мора извесен период надвор од теренот. Секако и подолго отсутниот Де Толедо.