(ФОТО) Вардар по Кизиќ во „оган“ втурна уште еден млад чувар на мрежата

Вардар минува низ кризен период каков што не се памети во последните години. Ова е и очекувано ако се знае дека летово претрпе големи промени во играчкиот ростер, а притоа и се случија многу повреди.

Денес „црвено-црните“ забележаа нов убедлив пораз од Веспрем, а во тимот дебитираше уште еден млад голман, 19-годишниот Васил Гогов.

Младиот Gogov Vasil (19) денеска дебитираше во ЕХФ лигата на шампионите. Во дресот на Вардар имаше 4 одбрани на средбата…

Gepostet von RK Vardar am Sonntag, 1. Dezember 2019

Се чини во Вардар се свестија дека сезонава со изборот на голамни утнаа. Откако Гедбане и Кугис се мачат цела сезона, шанса доби младиот Кизиќ, а сега уште еден надежен домашен чувар на мрежата.

Гогов денес против моќниот состав од Унгарија на своето деби имаше 4 одбрани. Тој пред почетокот на сезоната дојде во екипата на Вардар јуниор, втор тим во Вардар.