(ФОТО) Вардар денес потврди уште две засилувања од Хрватска

Она што во изминатиот период беше најавувано, сега и официјално беше потврдено од редовите на Вардар.

Нови играчи на „црвено-црните“ се двајца бекови кои доаѓаат од хрватскиот шампион ППД Загреб.

Во новата сезона средниот бек Анте Гаџа и десниот бек Јосип Векиќ ќе бидат дел од тимот на Вардар 1961.

Гаџа потпиша двегодишен договор со „црвено-црните“, а Векиќ остане во Скопје до 2024 година..